УЕФА со еден збор го опиша Модриќ – Маестро

Лука Модриќ го воодушеви фудбалскиот свет со својот настап во полуфиналето од Лига Нации во натпреварот во кој Хрватска славеше до 4-2 против Холандија по продолжение.

На прагот на 38. годишна возраст Модриќ одигра речиси перфектен натпревар. Настапи 119 минути, а во продолжението асистираше и постигна гол со кои ги донесе „коцкестите“ во големото финале.

Импресирана од хрватскиот репрезентативец беше и УЕФА кој на официјалниот профил на Европското првенство 2024 постави фотографија од фудбалерот на Реал Мадрид кратко и јасно насловена „Маестро“.

Се вчитува...