УЕФА воведе промени во квалификациите за Лига Европа од следната сезона

Европската фудбалска федерација (УЕФА) воведе промена во квалификацискиот систем за Лигата на Европа почнувајќи од следната сезона.

Третото коло и плејофот ќе донесат два различни патишта до лигашката фаза – патот на шампионите и основниот пат.

Клубовите од патот на шампионте во плејофот повеќе нема да се „мешаат“ со други тимови, што значи дека, потенцијално, македонскиот шампион ќе има различен пат од оние кое се во квалификациите преку освоените трофеи во националните купови.

Ова значи дека, македонскиот шампион во случај на испаѓање од квалификациите за Лигата на шампионите, во квалификациското следно коло за Лигата на Европа ќе игра само против тим кој бил шампион на нивната земја.

Македонија ќе има четири претставници во Европа следната сезона. Шампионот започнува од 1. коло квалификации за Лигата на шампионите, а победникот на Купот како и второпласираната и третопласираната екипа од шампионатот ќе се борат во квалификациите за влез во Конференциската лига.

Се вчитува...