Укината суспензијата на португалскиот репрезентативец Мартинс

Португалскиот репрезентативец и член на Алборг, Мигел Мартинс на големо изненадување на ракометната јавност беше суспендиран пред самиот почеток на Светското првенство поради „големи нивоа на тестостерон“.

Вториот тест сепак не го потврди првиот па неговата суспензија е прекината и тој е сега слободен да се врати на теренот и да настапи за Алборг.

Тоа сепак нема да биде веќе на следниот натпревар на данскиот тим во Куп натпреварувањето, потврдија од клубот.

И покрај тоа што суспензијата на Мартинс е прекината, неговиот случај дополнително ќе биде разгледуван со цел да се утврди причината за различните резултати.

Се вчитува...