Укината суспензијата за фудбалскиот агент Мино Рајола

Фудбалскиот агент Мино Рајола ја доби правната битка со Серија А и со Премиер – лигата, кои му изрекоа забрана за реализација на трансфери во претстојниот летен преоден рок. Сепак, Судот за арбитража во спортот во Лозана ја укина суспензијата на Рајола и тој ќе може непречено да биде дел од преговорите на фудбалерите кои ги застапува.

Рајола е фудбалски агент на големи ѕвезди како Пол Погба, Матијс де Лихт, Костас Манолас, Марио Балотели…Дел од нив се во фокусот на јавноста за да направат големи трансфери ова лето.

Се вчитува...