Украина директно на Мундијалот во Катар?

Во моментот трае агресијата на Русија врз Украина, а тоа имаше последици и врз спортот. ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и репрезентации од понатамошните натпреварувања. Така селекцијата на Полска директно ќе патува во финалето на баражот, додека, пак, Украина наместо во март, својот бараж меч со Шкотска ќе треба да го игра во јуни.

Сепак, деновиве се појавува приказна дека Украина би можела директно, без бараж да оди на Мундијалот во Катар. Ова го потврди и претседателот на фудбалската федерација на Велс, Нол Муни.

„Од перспектива на Велс ќе биде многу добра работа Украина да оди директно на Светското првенство. Човечки би било доколку не можат да играат во јуни, тогаш да добијат директен пласман“, рече Муни.

„Тоа би начело на СП да играат 33 екипи, затоа што во нашата ждрепка останаа Велс, Шкотска и Австрија, а за нас е голема работа да се пласираме на Мундијалот“, истакна Муни.

Сепак, календарот е веќе креиран и тешко може да се случи. Меѓутоа со оглед дека во последните две години се случија многу промени, што поради пандемијата, што поради војната во Украина, па така ништо не е невозможно.

Се вчитува...