Украина пред суспензија, нема да игра против Македонија во квалификациите за ЕП!?

Актуелниот потпретседател на украинскиот фудбалски сојуз Олег Протасов, обелодени дека Украина се наоѓа пред суспензија од ФИФА и од УЕФА поради мешање на политиката во федерацијата.

Протасов во соопштението го обвини и актуелниот претседател на земјата, Володомир Зеленски, односно неговиот кабинет за обид за превземање на власта во федерацијата.

„Околу информациите за невиден притисок на членовите на извршниот одбор на федерацијата, на раководството, на мене и на регионалните претставници, веќе се знае, се работи за обид за одржување на седница на Извршниот комитет на 20. декември врз основа на лажни документи. Лично се соочувам со вакви валкани методи на понижување на украинскиот фудбал. Како прв потпретседател на федерацијата, а почитувајќи ги правилата кои ги регулираат ФИФА и УЕФА и националните федерации, ги информирав фудбалските власти околу намерите на трети сили да извршат превземање на власта во украинскиот фудбал. Очекувано, светската фудбалската федерација не може и не смее да ги затвори очите пред обидите да се организираат нелегални избори. Работата е тоа што членството на националните фудбалски федерации во меѓународните е условено со придружување на одредбите на повелба на УЕФА и ФИФА и секое кршење на овие правила доведува до суспензија од членство во ФСУ, ФИФА и УЕФА според членот 16 во статутот на ФИФА, односно членот 9 во статутот на УЕФА. Се надевам дека „крадците“ во украинскиот фудбал ќе имаат храброст да ја признаат грешката. Ова може да го убие украинскиот фудбал. Штета што после Мундијалот ние мораме да се занимаваме со ова“, стои во писмото на Протасов.

Во Украина се шпекулира дека како прв човек на украинската федерација треба да дојде легендата Андреј Шевченко.

Украина е во група со Македонија за пласман на ЕП во 2024 година. Ова би можело да значи Македонија да не игра со Украина, а што ќе прават УЕФА и ФИФА, и како и дали ќе го потполнат местото на Украина при евентуална суспензија, и натаму не е познато.

Се вчитува...