Украински репрезентативец дресот го замени со униформа и замина во војна

Седми ден веќе трае војната во Украина, а нема знаци дека наскоро би можела да заврши. Многу познати личности од Украина се одлучија да обелечат униформа и да ја бранатсвојата земја, а тоа се однесува и на фудбалерите кои фудбалските терени ги заменија со воените.

Еден од фудбалерите кои заминаа да се борат против руската агресија е играчот на Шахтјор и украински репрезентативец Виктор Корниенко.

Доњецк е еден од градовите кои беше окупиран меѓу првите по руската инвазија, а сите играчи во тие мигови беа во Киев.

Корниленко не сакаше да ја напушти Украина, и да отпатува во Полска каде што се наоѓа голем дел од тимот, остана и облече униформа за да се бори.

„Украинец сум и помагам на војската на својата земја. Слава на Украина“, порача фудбалерот на Шахтјор.

Овој 23-годишен играч потекнува од фудбалската школа на Шахтјор, а настапувал за сите младински селекции на Украина, а има и два натпревари за сениорскиот тим на својата земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viktor Kornienko (@kornienko_vitya_)

Се вчитува...