Украинскиот голман Андреј Лунин е пред заминување од Реал Мадрид, откако одбива да го продолжи договорот со „кралевите“. Шпанскиот првак ќе мора да бара друго решение, со оглед дека Украинецот веројатно ќе има нов клуб летово.
Лунин во минатата сезона имаше одлична сезона, го однесе својот тим во финалето во Лигата на шампионите, а потоа шокатна беше одлуката на Карло Анчелоти да му даде предност на Тибо Куртоа во финалето против Борусија Дортмунд.
Иако повреда беше официјалната изјава за отсуството на Лунин, сепак, во позадина се случувало нешто друго, па така Лунин бил многу фрустриран од одлуката на својот клуб да не брани во финалето, па најавува заминување.
Следна дестинација би можела да биде Атлетико Мадрид, но само под услов Јан Облак да биде продаден во друг тим. Актуелниот договор на Лунин е до 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА