Ултиматум за Гатузо во Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан не го стартуваше новиот шампионат во Серија А според очекувањата и по пет кола се наоѓа на 12.место на табелата. Тоа е неприфатливо за раководството на клубот, а првите критики секогаш одат на адреса на тренерот.

Спортскиот директор Леонардо му испорача ултиматум на шефот на стручниот штаб Џенаро Гатузо, дека играта и резултатите на „росонерите“ мора под итно да се подобрат – или тој ќе мора да си замине.

Во претстојните три кола, Леонардо и челниците на клубот очекуваат девет бода од Милан. Тимот на Гатузо гостува против Емполи и против Сасуоло, а на домашен терен го пречекува Киево.

Се вчитува...