Умтити бара раскин на договорот со Барселона – Милан и Јувентус чекаат на готовс

Самуел Умтити сака да го раскине договорот со Барселона и да премине во нова средина, пренесуваат шпанските медиуми. За 27-годишникот нема место во каталонскиот тим и оваа сезона сеуште нема забележано настап, а интерес за неговите услуги јавуваат Милан и Јувентус.

Ваков потег не би и пречело ниту на Барселона која сака да се реши од богатиот договор на Французинот, а тоа беше цел и во летниот преоден рок, но тогаш Умтити не сакаше да замине од редовите на каталонскиот тим притоа одбивајќи ги понудите на останатите тимови.

Умтити во редовите на Барселона пристигна од Олимпик Лион во 2016 година во трансфер вреден 25 милиони евра. За клубот одигра 132 натпревари, притоа два пати го освои шпанското првенство, три пати Купот и два пати Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...