Умтити го ’откачи’ Арсенал, останува во Барселона

Францускиот интернационалец Самуел Умтити се заблагодари на понудата на англискиот премиерлигаш Арсенал, но, сепак, ќе остане во Барселона и следната сезона. Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери во него гледаше идеално решение за дефанзивната линија, но ќе мора да смисли нешто друго.

„Имам договор со Барселона и на „Камп Ноу“ се чувствувам одлично. Имав компликувана сезона, но тоа не значи и дека сакам да си заминам. Играм во најдобриот клуб во светот и немам намера да ја менувам средината“, изјави Умтити.

Емери ќе мора да најде адекватна замена за Лоран Кошиелни и за Шкодран Мустафи. Судбината на овие двајца дефанзивци во Арсенал е несигурна.

Се вчитува...