Умтити: Многумина мислат дека по цели денови седам и ништо не правам

Во големо интервју за „Мундо Депортиво“, стоперот на Барселона Самуел Умтити си ја „отвори душата“.

Тој кажа дека нема намера да замине иако во последно време не е во плановите на Барселона. Вели дека му било многу тешко, и дека го сака клубот.

„Луѓето мислат дека не правам ништо, дека седам по цели денови и ништо не правам. Работев многу, сега сум физички многу подобар отколку кога стигнав во Барселона и се надевам дека ќе имам шанса да го покажам тоа.

Кога се сретнав со Лапорта, после состанокот плачев. Но, разговорот ми беше многу важен. Кажав јасно дека сакам да му помогнам на клубот“, рече Умтити.

Кажа дека е тврдоглав и дека ќе ја чека својата шанса.

„Не размислувам да си заминам. Веќе реков дека сакам да го одработам договорот. Ја сакам Барселона, но очигледно од тоа нема корист. Се чувствувам осамен. Читав кога пишуваа дека сум направил грешка со мојата рехабилитација. Посетив 3-4 доктори и ми рекоа дека не треба да се оперирам, и клубот с согласи на тоа. Но, тврдгоглав сум, ќе работам за да покажам дека сум добар за клубот, иако станува се потешко“, рече Умтити.

Се вчитува...