Умтити се враќа во составот на Валверде за дуелот со Еибар

Францускиот интернационалец Самуел Умтити се враќа во составот на Барселона по подолга пауза и подготвен е за дуелот против Еибар претстојниов викенд. Тој се мачеше со повредата на левото колено, одлучи да не замине на операција и покрај инсистирањето на клупските лекари и рехабилитацијата се оддолжи. Но, се враќа во вистински момент за тренерот Ернесто Валверде, кога Жерар Пике ќе мора да паузира поради суспензија.

Умтити беше на прагот да замине од „Камп Ноу“ ова лето, Валверде му порача дека нема да биде прв избор за стоперските позиции, но тој сепак реши да остане и да се бори за место во тимот. Повредите го спречија да може да конкурира, па тандемот Пике – Ленгле најчесто играше на натпреварите од стартот на сезоната.

Се вчитува...