Шпанскиот стратег Унаи Емери е пред отказ во англискиот премиерлигаш Арсенал. По синоќешниот пораз од Ајнтрахт Франкфурт (1-2) во Лигата на Европа, раководството на „топчиите“ сериозно ја разгледува опцијата да ја раскине соработката уште во текот на денешниот ден. Доколку тоа се случи, привремено решение се очекува да биде Фредерик Љунгберг, поранешниот прославен ас на клубот кој во моментот е задолжен за младинската академија.
Англиските медуими најавуваат дека има четири кандидати за наследник на Унаи Емери на клупата на Арсенал. Тоа се Нуно Еспирито Санто, кој во моментот го предводи Вулверхемптон, Микел Артета, кој е асистент на Гвардиола во Манчестер Сити, Маурисио Покетино кој си замина од Тотенхем и Патрик Виеира, тренерот на францускиот прволигаш Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА