Унаи Емери го одбил Њукасл, се уште трае потрагата по тренер

Новите „газди“ на Њукасл од Саудијска Арабија се во потрага по тренер, но очигледно тоа ќе оди многу тешко. Никој не сака да се нафати да го води тимот со овој ростер на фудбалери, кој до крајот на сезоната ќе води тешка битка за опстанок во Премиер-лигата.

Последен во низата е шпанскиот стратег Унаи Емери кој денеска потврди дека останува во Вилјареал и нема да го преземе премиерлигашот Њукасл.

„Вилјареал е мојот дом и сум 100 отсто посветен на клубот. Искрено, благодарен сум за заинтересираноста на овој голем клуб, но уште поблагодарен сум што сум тука, во Вилјареал и работам со овие момци“, изјави Емери.

 

Се вчитува...