„Фудбалот е игра на 11 против 11, и на крајот секогаш победуваат Германците“. Оваа порана на легендарниот Гери Линекер се покажа како точна и вечерва на овој Мундијал, откако триумфираше Германија благодарение на гол во судиското надополнување. А, Германците се соочија со голем проблем, со оглед дека БСК водеше по првиот дел, на почетокот на вториот можеше да даде и втор гол. Ама, потоа на сцена стапи Нагелсман кој направи вистински измени за пресврт и три бода на Германија, и осигуран пласман во следната фаза.
Хаверц и Мусиала промашија добри прилики во првите 20 минути, а потоа следуваше шок за Германците. Франк Кеси една одбиена топка ја смести во мрежата на Нојер, за предност на БСК на полувремето.
Во вториот дел африканската селекција беше поблиску до втор гол, отколку Германија за израмнување, а тоа беше јасен знак дека Нагелсман треба да менува. Во игра ги внесе Амири, Левелинг и Ундав, а тоа ќе се покаже како клучно за победата.
Токму Амири му асистира на Ундав за „егал“ во 68. минута. Германците имаа уште повеќе од 20 минути и за победа. До неа дојдоа во третата минута од судиското надополнување. Меча испрати прецизна топка до Ундав, кој излезе сам пред Фофана и рутински го совлада за победа на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
