Унгарија ја прегази Полска и направи голем чекор кон полуфинале на ЕП

Еден од кодомаќините на Европското првенство, репрезентацијата на Унгарија направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на континенталниот шампионат откако вечерва во последниот дуел од денешната програма во 2. коло од главната рунда славеше убедливо против Полска со 31-21.

Унгарките уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа плус осум (17-9). Во вториот дел разликата во еден момент стигна и до плус дванаесет 29-17, но во финишот Унгарките се опуштија и на крајот славеа со 31-21.

Петра Вамош со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Росјак постигна четири гола.

Се вчитува...