Унгарците не дозволија изненадување, пресврт-победа над Австрија

Репрезентацијата на Унгарија ја оправда фаворитската улога и триумфираше против Австрија со 29-26, на Светското првенство 2025.

Во главно израмнет натпревар, Австријците го добија првото полувреме со 13-12, но потоа се беше во знакот на Унгарците кои со пресврт дојдоа до победата.

Најдобар поединец кај Унгарците беше Родригез со осум постигнати погодоци.

Во вториот вечерен натпревар на Светското првенство, Данска без никакви проблеми ја победи Швајцарија со 39-28.

Се вчитува...