Унион Берлин мечевите во ЛШ ќе ги игра на Олимпискиот стадион?

Тимот на Унион Берлин обезбеди место во Лигата на шампионите за следната сезона. Многумина се изненадени од успехот на овој тим кој се релативно нов во „елитата“ во Бундеслигата, а веќе реди успеси. Во еден миг Унион беше и во битка за шампионската титула, која во последните кола се сведе на борба меѓу Борусија Д. и Баерн М.

Сега откако обезбеди место во групната фаза во ЛШ, Унион размислува да го смени местото на одигрување на домашните натпревари во европската „елита“. Така наместо стадионот „Форстереј“ кој е со капацитет од 22.000 места, Унион размислува да ги игра мечевите на Олимпискиот стадион во Берлин, кој е со капацитет од 75.000 гледачи.

Згора на тоа на едната рибина на стадионот на Унион нема столчиња, па со евентуална монтажа би можел дополнително да се намали капаицетот.

Затоа раководството на тимот од Берлин размислува за преселба на Олимпискиот, кој е домаќин на Херта, кој, пак, ќе игра во второлигашката конкуренција идната сезона.

Се вчитува...