Управниот одбор на Манчестер Јунајтед одлучи: Солскјер добива „шут-карта“

Управниот одбор на Манчестер Јунајтед решил дека е потребна смена на тренерската позиција и Оле Гунар Солскјер ќе биде поранешен тренер на „црвените ѓаволи“ во моментот кога тимот ќе ја договори неговата замена, пренесуваат англиските медиуми.

Солскјер стигна на „Олд Трафорд“ како наследник на Жозе Мурињо во 2018 година, но сеуште не успеа да донесе трофеј за „црвените ѓаволи“. Најблиску до тоа беше претходната сезона кога во финалето на Лига Европа се сретна со Вилјареал, но загуби по изведување на пенали.

Работите за Манчестер Јунајтед не се одвиваат најдобро ниту на почетокот на оваа сезона. Тимот е далеку од посакуваното ниво за натпреварување против Топ 6 тимовите во Премиерлигата, мечеви во кои беа забележани порази од Лестер, Ливерпул и Манчестер Сити.

Манчестерскиот клуб како наследник на Солскјер го гледаше Антонио Конте, но италијанскиот стратег кој во Премиерлигата ја освои титулата со Челси замина во редовите на Тотенхем. Сега погледите се насочени кон Брендон Роџерс, предводникот на Лестер, чие ангажирање може да потрае и до крајот на сезоната.

Се вчитува...