Урнебесен одговор на Салах зошто Ливерпул не го победил Јунајтед (ВИДЕО)

Единствениот тим кој успеа да го запре Ливерпул во досегашниот дел од сезоната во Премиерлигата е Манчестер јунајтед. На мечот во октомври кој се играше на „Олд Трафорд“ беше 1-1.

Рака на срце, „црвените“ на тој меч воопшто не брилјираа, а една од причините секако беше и тоа што го немаше Мохамед Салах во нападот поради повреда. Па, „скромниот“ Салах не ја заборава да ја потенцира токму таа причина како главна за ремито со Јунајтед.

„Затоа што бев повреден“ – низ смеа одговора Салах на прашање што беше тајната на Јунајтед кој единствен сезонава успеа да го запре Ливерпул.

 

Ливерпул и Манчестер јунајтед утре повторно во големата дерби пресметка, овој пат на „Енфилд“. Лоша вест за Јунајтед е што Салах утре ќе биде подготвен.

Се вчитува...