Урнебесен предлог на Ибра: Зошто да не заиграм и со внукот на Малдини!

Шведскиот ветеран и фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ, не само што е миленик на навивачите, туку е и посакуван соговорник на секој новинар, пред сѐ поради немањето никакви „филтри“ при давањето изјави односно кажувањето на сите работи кои му се во глава, најчесто шегувајќи се со сериозни теми.

Тој викендов беше гостин во популарна италијанска телевизиска емисија, каде што ја промовираше својата книга „Адреналин“, но и говореше за својата иднина.

„Сакам да играм што е можно подолго. Сѐ додека имам адреналин, ќе продолжам да се натпреварувам. Ајде сите заедно да им направиме притисок на челниците на Милан да ми понудат нов договор. Сакам да останам на ‘Сан Сиро’ до крајот на животот. Постојат работи кои сакам да ги направам и пехари кои сакам да ги освојам“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој потенцира дека е еден од ретките кој имал можност да игра заедно со две генерации од едно семејство, како што е случајот со Паоло Малдини и неговиот син Даниел, кој сега му е соиграч.

„Тоа е прекрасно. Се надевам само дека ќе ме држи здравјето и дека ми можел еден ден да играм и со синот на Даниел“, се пошегува Златан.

Швеѓанецот со босанско потекло пред два месеци влезе во петтата деценија од својот живот.

Се вчитува...