Урнебесно: Џек Грилиш, каде си роден – „цреп“ по географија (видео)

Џек Грилиш игра очајно во дресот на Манчестер Сити, но асот на „граѓаните“ денеска не беше тема на потсмев поради фудбалските квалитети, туку поради (не)познавањето на географијата на својата земја.

Имено, објавено беше видео од англиските репрезентативци како на мапата на Велика Британија покажуваат каде се родени. Грилиш, кој е роден во Бирмингем, не само што не можеше да погоди каде е овој град на мапата, туку и беше изненаден од изгледот на државата каде е роден.

Сосема јасно, соиграчите Џордан Хендерсон, Конор Коуди и Џејмс Ворд-Прауз прснаа од смеа, и самите изненадени од ваквото непознавање на елементарна култура од нивниот репрезентативен колега.

Се вчитува...