Урнебесно: Двата тима на колена, само Мане трча напред

Здодевно беше да се следи вечерашното градско дерби меѓу Евертон и Ливерпул, на кое немаше премногу фудбалски возбудувања. Најинтересниот момент се случи буквално на самиот почеток, кога двата тима во договор со судијата Мајк Дин клекнаа на колена како знак на поддршка за кампањата “Black lives matter”.

Само што, никој не го потсети Садио Мане на овој договор, па при првиот свиреж на судијата Дин голгетерот на Ливерпул тргна во полн спринт напред. Набрзо се сети што направил, застана на средината од теренот и самиот клекна, но камерите го овековечија овој негов потег.

Се вчитува...