Турскиот шампион Бешикташ го претстави новото засилување Вагнер Лав кој пристигна од редовите на Аланијаспор за сума од 3.7 милиони евра. Напаѓачот потпиша договор на една и пол година, со можност за продолжување на уште една доколку фудбалерот одигра минимум 25 натпревари за турскиот гигант.
Лав претставува замена за голгетерот Ченк Тосун кој на почетокот на овој преоден рок направи трансфер во Евертон за сума од 30 милиони евра.
Сепак, најголемата причина за воодушевување е начинот на кој Бешикташ го најави трансферот на Лав.
https://twitter.com/Besiktas/status/957960915449675776
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
