Урнебесно видео: Навивачите на Арсенал до Сити – Не сте ништо посебно, ние губиме секоја недела

Навивачите на Арсенал веќе немаат сили за нервози поради катастрофалните резултати на својот тим, па почнаа да фаќаат сеир на своја сметка.

Доказ за тоа беше вчерашното дерби со Манчестер Сити, на кое гостинските фанови го прославуваа четвртиот гол на противникот, кога веќе нивните миленици на трет меч во низа не успеаја да го најдат патот до противничката мрежа.

Сепак, „врвот“ беше достигнат пред крајот на дуелот, кога фановите на Арсенал почнаа со песна до домаќините: Не сте ништо посебно, ние губиме секоја недела.

Се вчитува...