Урнебесно видео: Првиот тренинг на Кавани со Јунајтед

Единсон Кавани треба да биде големо засилување за нападот на Манчестер Јунајтед, но на Уругваецот дефинитивно ќе му биде потребно време за да влезе во посакуваната форма по долгата пауза без официјален натпревар.

Доказ за тоа е и денешниот прв тренинг на Кавани со „црвените ѓаволи“ на кој екс-голгетерот на ПСЖ, се посрамоти со еден крајно непрецизен удар што беше забележан од камерите, а потоа вирално се прошири преку социјалните мрежи.

Се вчитува...