Урош Мирковиќ и Данаил Тасев нови засилувања на Тиквеш

Српскиот интернационалец, Урош Мирковиќ е најново засилвуање за новиот македонски прволигаш, Тиквеш. 30-годишниот играч за врска доаѓа од Чапљина од Босна и Херцеговина, а во кариерата има настапувано и за Борац Бања Лука, Крупа и Радник Сурдулица.

Тиквеш го потврди и трансферот на Данаил Тасев кој се враќа во својот матичен клуб, откако минатата сезона ја помина во Работнички.

Се вчитува...