Уругвај е првиот вистински тест за ЦР7 и Португалија

На Олимпискиот стадион во Сочи вечерва во втората осминафинална пресметка на Мундијалот 2018 вечерва од 20 часот „копјата ги вкрстуваат“ Португалија и Уругвај.

И тоа како е тешко да се одлучи кој ја носи фаворитската улога за пласман во четвртфиналето, но јасно е дека може да пресуди генијалноста на Кристијано Роналдо од една страна, и двоецот Кавани – Суарез на спротивната страна.

Иако е факт дека Роналдо е темелот на играта на Португалија, селекторот Фернандо Сантош е свесен дека сите нивни надежи не смеат да почиваат на само еден играч.

„Потребно е да одигра целата екипа. Ние ќе го изгубиме натпреварот ако Роналдо игра сам. Мора да бидеме силни како екипа затоа што тешко е да се потпрете на само еден фудбалер во сите 90 минути. Дури и ако тој еден даде три гола, потребна е сепак целата екипа“ – вели Сантош кој се надева дека Португалија ќе биде на висина на задачата.

Во составот на Уругвај, пак, како што велат не се оптоваруваат многу со Роналдо, но единствено ја гледаат својата игра.

„Не гледаме кој е од спротивната страна. Знаеме дека имаме свои квалитети и дека само од нас ќе зависи дали ќе продолжиме во четвртфиналето на СП“ – вели Суарез.

Се вчитува...