УС Опен: Медведев без проблеми, следен е Кирјос

Тенисерот број 1 во Светот, го совлада поранешниот јуниорски првак на УС Опен, Јибунг Ву од Кина со 6-4, 6-3 и 6-2, и така се пласираше во следното коло во Њујорк. Медведев во шампионски стил, рутиснки го одработи мечот во 3. коло. Неговото ниво беше пресилно за Ву, кој на турнирот стигна на 174. место на листата.

Русинот за пласман во 1/4 финалето ќе се бори со Ник Кирјос од Австралија, во дербито на колото. Кирјос, пак, беше подобар од Волф со лесни 3-0.

Во женскиот дел од турнирот, покрај победата на Томљановиќ над Серена Вилијамс, во следното коло продолжуваат Риске-Амритраџ, Самсонова и Гарсија.

Се вчитува...