Усеин стана татко на близнаци – „Молња“ ги доби братчињата „Гром“ и „Сент Болт“

Легендарниот спринтер и неколкукратен олимписки победник, Усеин Болт и неговата партнерка Кejси Бенет објавија дека станале родители на близнаци. Добиле две момчиња – Тандер Болт и Сент Лео Болт.

Болт првпат стана татко на ќерката Олимпија Лајтнинг (Олимпија Молња), но сега преку социјалните мрежи се пофали дека добил и двајца синови со партнерката Кejси Бенет.

Најдобриот спринтер на сите времиња доби машки близнаци и веднаш ја сподели убавата вест во јавнсота, но сепак привлече посебно внимание со уникатното име на едно од бебињата. Едното дете ќе се вика Светецот Лео, а второто дете ќе го носи името Тандер, што во слободен превод значи „гром“.

Легендарниот Јамајканец беше познат по прекарот „молња“ на атлетските патеки, па сега самиот се погрижи за интересна симболика кога се во прашање имињата на неговите наследници. Олимпија Лајтнинг (молња) Болт, Сент (светец) Лео Болт и Тандер (гром) Болт.

 

 

 

Се вчитува...