Уште 30 дена до третото издание на „Охрид трчаТ“

Уште точно 30 дена остануваат до третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, манифестација која се повеќе ја освојува Македонија а веќе заслужено го носи епитот спортски настан број еден во нашиот најголем туристички центар.

Подготовките на организаторите за „Ohrid running weekend“ се во полн ек. Викендот 31. мај, 1. и 2. јуни ќе биде во знакот на дружењето, трчањето и уживањето во убавините кои може само Охрид да ги понуди.

Пријавувањето за учество на „Охрид трчаТ“ трае до 26. мај, а може да се изврши на официјалната страна www.ohridtrcat.mk.

Се вчитува...