Уште еден ас на Ливерпул позитивен на Covid-19

Главоболките на Јирген Клоп од ден на ден се повеќе се зголемуваат откако денеска беше потврден и третиот случај на Covid-19 во таборот на Ливерпул. По Тијаго Алкантара и Садио Мане, од денеска во самоизолација се наоѓа и Џердан Шаќири, кој требаше да си замине од Ливерпул, но не успеа да осигура трансфер пред истекот на преодниот рок.

Шаќири отпатувал во Швајцарија за настап за својата репрезентација, но задолжителните Covid-тестови дале позитивен резултат, што значи и автоматска самоизолација за овој фудбалер.

„Џердан Шаќири е позитивен на коронавирус, по што и во овој случај ги следиме сите протоколи на здравствените власти. Овој фудбалер се наоѓа во самоизолација и ќе ги пропушти октомвриските натпревари на репрезентацијата“, објави Швајцарската Фудбалска Федерација.

Се вчитува...