Уште еден ас потпиша долгогодишен договор со Ливерпул

Ливерпул продолжи да потпишува долгогодишни договори со стандардните првотимци од шампионската екипа, откако денеска на верност кон гигантот од „Енфилд“ се обврза и левиот бек Енди Робертсон. Шкотскиот репрезентативец денеска потпиша договор со кој ќе остане уште пет сезони на „Енфилд“, следејќи го примерот на Александер Арнолд, Фабињо, Ван Дајк и Алисон Бекер.

Робертсон пристигна во Ливерпул во 2017 година од редовите на Хал и набрзо се избори за првотимски статус, како еден од главните адути на Јирген Клоп во дефанзивната линија. Тој досега настапи на 177 натпревари во дресот на Ливерпул, стигнувајќи до трофеи во Премиер-лигата, Лигата на Шампионите, Супер-купот на УЕФА и на светското клупско првенство.

„Од самиот почеток на преговорите мојата желба беше јасна – да останам што подолго бидејќи не е никаква тајна дека сум пресреќен во овој клуб. Јас и моето семејство сме презадоволни, среќен сум што оваа заедничка авантура продолжува“, изјави Робертсон по потписот на договорот.

Се вчитува...