Уште еден доказ за скандалозната местенка Алжир – Австрија: „Беше непријатно, ама немав како да избегнам да не дадам гол“

Се уште светот зборува за  скандалозниот натпревар меѓу Австрија и Алжир кој заврши со 3-3, резултат кој им одговараше на двата тима за пласман во нокаут-фазата на шампионатот.

Австрија да продолжи понатаму, Алжир да ја избегне Шпанија, а Иран е тој што мораше да си оди дома поради овој резултат.

Австрија двапати водеше на оваа средба, а Алжир двапати се врати. И, во последните половина час, ниту еден тим немаше преголема амбиција да го нападне противникот.

А потоа шок за Австрија. Барем изгледаше како шок кога Марез постигна гол во 93. минута за водство на Алжир од 3-2. На тој погодок на Марез се налутија и од клупата на Австрија, дури и со директни обраќања до селекторот на Алжир.

Австрија беше на пат кон дома со еден таков резултат, па во 96. минута постигна гол преку Калајџиќ за израмнување.

По натпреварот, Ријад Марез зборуваше за сè што се случи. Поточно, зборуваше за постигнатиот гол за 3-2.

„Искрено, беше малку срамно. Игравме на страна, а тие „седеа“, но во последен момент некој ја додава топката до мене. Морам да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Топката пристигнува пред голманот и морам да постигнам гол, или поточно, морам да се обидам да постигнам гол. Знам дека е непријатна ситуација, но тоа е фудбал и морам да го почитувам тоа. Добрата работа на крајот? Па, добрата работа за нив (Австрија) е што постигнаа гол и се квалификуваа. Ние и тие продолжуваме понатаму, а тоа е најважното“, рече Марез.

Се вчитува...