Уште еден европски гигант пред банкрот

Спортот е една од областите во светот која е најмногу погодена од пандемијата од коронавирусот. Многу европски фудбалски великани имаат големи финансиски проблеми. Португалскиот Порто прв обелодени дека има големи долгови, а пред банкрот е уште еден поранешен европски шампион, Олимпик Марсеј.

Првенството во Франција официјално е откажано, а за нов шампион е прогласен Пари Сен Жермен. Поради откажувањето клубовите од Лига 1 само од ТВ правата имаат изгубено астрономски 500 милиони евра.

Клубот од „Велодром“ целата оваа криза ќе го чини загуба од неверојатни 206,3 милиони евра. Иако, владата на Франција донесе одлука дека ќе го подржи фудбалот со 200 милиони евра, но прашање е дали таа сума на пари ќе биде доволна за тимовите да излезат од финансиската криза.

Се вчитува...