Уште еден фудбалер на Чесли заминува во Саудиска Арабија

Колонијата на фудбалери кои ова лето од Челси ќе преминат во Саудиска Арабија од ден во ден станува се поголема. По постигнатиот договор со Н’голо Канте и успешните преговори со Калиду Кулибали на прагот на трансфер е и Хаким Зијеш.

Мароканецот е во преговори со Ал Наср и наскоро се очекува да постане нов соиграч на Кристијано Роналдо, а од трансферот добро ќе заработи и Челси бидејќи истиот се очекува да биде во износ од 25 милиони евра.

Сопственикот на Челси, Тод Боели неодмана имаше состанок со саудиските шеици кои наговестија трансфер на вкупно пет фудбалери. Покрај овие тројца се очекува во ист правец да тргнат и Едуард Менди и Пјер-Емерик Обамејанг.

Се вчитува...