Проблемите со повредени фудбалери на Њукасл уште повеќе се зголемија откако најдобриот стрелец на тимот, Калум Вилсон, стана дел од „болницата“ во таборот на „црно-белите“. Одличниот голгетер беше заменет на полувремето од дуелот со Борусија Дортмунд, а деталните прегледи утврдија дека проблемот со мускулот воопшто не е наивен.
Првичните прогнози се дека паузата ан Вилсон ќе изнесува најмалку шест седмици, што значи дека тој нема да му биде на располагање на тренерот Еди Хау до крајот на оваа календарска година. Проблем плус за Хау е што повеќе веќе извесно време е и Александер Исак, п стратегот на Њукасл мораше да експериментира со младиот Гордон како најистурен во нападот на последниот натпревар што „црно-белите“ го загубија од Борнмут.
Во прилог на Њукасл не оди ниту распоредот, ако се зне дека во наредниот период треба да се сретне со Челси, Манчестер Јунајтед и со Тотенхем, мечеви што Вилсон дефинитивно ќе ги пропушти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА