Уште еден хаос во АБА: Тројца судии одбија да го судат финалето!

Уште еден хаос во АБА лигата пред стартот на финалната серија меѓу Партизан и Црвена Звезда.

Кошаркарите на Партизан и Црвена Звезда финалето треба да го стартуваат на 13. јуни, по денешниот постигнат договор, откако претходно од црвено-белиот табор со соопштение објавија дека не планираат да играат две финалиња истовремено, покрај ова во регионалната лига и она домашното.

А, во меѓувреме, хаосот го продолжија и судиите од Србија, Илија Белошевиќ, Миливоје Јовчиќ и Урош Николиќ кој одбија да го судат финалето од АБА меѓу двата тима.

Во нивното образложение за една таква одлука наведуваат дека „притисокот од јавноста е преголем за овој меч, па поради тоа српските судии се повлекуваат од финалето на ‘вечните ривали’“.

Се вчитува...