По Бенџамин Павар кој не тренираше и бараше да биде продаден на Интер, сега истото го прави и Рајан Гравенберх. Холанѓанецот не е на тренинзите на „Баварците“ и чека дозвола за да летне во Англија, и да потпише со Ливерпул.
Според информациите, челниците на Ливерпул веќе ги информирале „Баварците“ дека ќе испратат понуда. Се претпоставува дека „црвените“ ќе дадат од 30 до 35 милиони фунти, а договорот ќе биде до 2028 година, со можност за продолжување на уште една.
„Мирор“ открива дека и самиот играч веќе одбрал да оди во Ливерпул. Интерес за него имаше и од Манчестер Јунајтед. Со тоа Баерн Минхен губи двајца играчи за само една недела. Павар е веќе во Интер, додека Гравенберх сигурно заминува. Токму од тука „Баварците“ веќе почнаа да бараат замена. Најблиску да го замени Гравенберг сега е играчот на Челси, Конор Галахер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА