Уште еден натпревар без пораз, Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано ремизираа против Валенсија (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано денеска имаа тешка мисија против незгодната Валенсија, да се вратат од негатива и да се задоволат барем со реми во меч од 13. коло од шпанската Ла Лига (1-1).

Валенсија го отворои мечот во 19 минута, откако Карлос Солер беше прецизен од бечата точка, успевајќи да го матира нашиот репрезентативец.

Иси Палазон беше херојот за Ваљекано, тој во 64. минута успеа да изедначи на 1-1 и да донесе бод за својот тим. По овој меч Ваљекано се наоѓа на 5-та позиција со 24 освоени поени, додека Валенсија се искачи на 9-то место со 19 бода.

 

Се вчитува...