Уште еден премиерлигаш го смени тренерот

Дин Смит повеќе не е менаџер на Астон Вила. 50-годишниот тренер е сменет поради серијата на незадоволувачки резултати од екипата во новата сезона.

Астон Вила ја потврди тренерската смена на Смит. Тој од 2018 година е на клупата на тимот од Бирмингем, но му пресудија последни резултати.

„После добриот старт минатата сезона, не видовме континуиран напредок во резултатите, изведбите и позициите во Лигата кои ги чекавме. Од таа причина се решивме да направиме промена за да дадеме доволно време на новиот тренер да направи промени“, се вели во соопштението.

Се вчитува...