Уште еден првотимец на Јувентус е позитивен на Covid-19

Андреа Пирло се соочи со уште еден неочекуван проблем околу составот на Јувентус за наредните натпревари откако Родриго Бентанкур беше позитивен на последното тестирање за коронавирус во редовите на „старата дама“. Уругваецот беше еден од ретките кои немаа прележано Covid-19 од таборот на италијанскиот првак, но од денеска и тој доби решение за самоизолација.

Како што информираат од Јувентус, овој фудбалер не чувствува никакви симптоми на болеста, но согласно препораките на здравствените власти следниот период ќе го мина изолиран од останатиот дел од тимот.

Бентанкур ќе го пропушти претстојниот дерби-дуел со Лацио, како и реваншот од осминафиналето во ЛШ против Порто, дуели за кои тренерот Пирло нема да може да смета ниту на Артур ниту на Пауло Дибала.

Се вчитува...