Уште еден спортски спектакл е жртва на Ковид-19: Кина ја одложи Универзијадата за следната година

Светскиот студентски спортски спектакл е нова жртва на актуелната светска здравствена криза, иако Кина која беше жариште и од каде започна пандемијата предизвикана од Ковид-19, во моментов многу успешно се справува со вирусот, но оваа земја воопшто не размислува да ризикува повторно ктивирање на кризата ако дојдат странски гости, па затоа донесена е одлука за едногодишно пролонгирање на Универзијадата.

На Универзијадата треба да учествуваат 8.000 спортисти, па така со пролонгирањето сега 2022 година ќе биде трет голем настан во најмногубројната земја на светот во следната година. Кина е домаќин на Зимските Олимписки Игри во Пекинг, кои ќе стартуваат на 4 февруари, а потоа се домаќини и на Азиските Игри од 10 септември во Хангџу.

За потсетување, годинава во Токио треба да се одржат веќе одложените Летни Олимписки и Параолимписки игри во Токио, кои лани беа одложени за оваа година поради актуелната криза предизвикана од светската пандемија.

Се вчитува...