Уште еден супер-трејд: Лејкерси се откачија од Вестбрук, го добија Расел

Челниците на Лос Анџелес лејкерс конечно најдоа начин да се ослободат од Расел Вестбрук, откако караницата што проблематичниот плејмејкер ја имаше со тренерот Дарвин Хем на дуелот со Оклахома се покажа како капка што ја прели чашата од незадоволство кај сите во клубот.

„Езерџиите“ и претходно преговараа за разделба од Вестбрук, но овојпат конечно пронајдоа купец, во тројната размена со екипите на Јута и на Минесота. Конкретно, Расел Вестбрук во иднина ќе го носи дресот на Јута, а „џезерите“ ќе го добијат и пикот од првата рунда на драфтот во 2027 година што ќе биде предвиден за ЛА Лејкерс.

Лејкерси ќе добијат и значајно засилување на бековската линија откако како дел од оваа тројна рокада го осигураа потписот на Д’Анџело Расел, кој доаѓа од таборот на Минесота. За кругот да биде затворен, Минесота како замена за Расел го доби Мајк Конли од редовите на Јута.

Се вчитува...