Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфанитно, кој се наоѓа под голем притисок поради неговиот обид да го „приватизира“ Светското првенство, и ја заработи втората тужба.
Организацијата за човекови права, Ферксвер, до етичката комисија на ФИФА поднесе тужба против Инфантино која е поддржана од 100.000 потписи.
Поднесувајќи ја тужбата, Ферксвер истакна осум инциденти на Инфантино поврзани со претседателот на САД, Доналд Трамп, кои претставуваат уверливи докази дека првиот човек на ФИФА ја злоупотребил својата должност и не останал политички неутрален во обидите да му се додвори на Трамп, како и дека се обидел да се збогати со идејата да се продаде Светското првенство.
Инфантино требаше да биде прв човек на новата компанија која би раководела со СП за годишна плата од 20 милиони долари.
Тужбата на Ферксвер е втора која е стигната во етичката комисија на ФИФА против Инфантино. Првата е поднесена минатата година од страна на фудбалската федерација на Норвешка по одлуката на Инфантино да му додели на Трамп ФИФА награда за мир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
