Уште еден „удар“ за Јунајтед: Каземиро паузира 2-3 недели

На Манчестер Јунајтед сезонава не му „цветаат рози“. Тимот е далеку од водечките места во Премиерлигата, се „мачи“ во Лигата на шампионите, а испадна од Карабао Купот пред неколку дена после поразот од Њукасл.

Менаџерот Ерик тен Хаг ги троши последните кредити од неговиот мандат на „Олд Трафорд“, а секој следен „кикс“ за него би можел да биде крај на ерата на Холанѓанецот.

За проблемите да бидат поголеми, Тен Хаг сега се соочува и со голем проблем во играчкиот кадар. Бразилскиот играч од средниот ред Каземиро се повреди на дуелот со Њукасл, и сега прогнозите се дека ќе паузира најмалку 2-3 недели поради повреда на тетивата.

За Јунајтед сега следува гостување кај Фулам, а потоа и во Копенхаген во Лигата на шампионите, па домашен меч со Лутон, и гостински со Евертон.

Се вчитува...