Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи се опорави од коронавирусот и денес ќе продолжи да тренира со тимот. Бонучи беше еден од осумте италијански репрезентативци со позитивен тест на КОВИД-19, откако минатиот месец ги посети Бугарија и Литванија во квалификациите за СП.
Асот на Торино се заразил со вирусот по победата (2-0) на „аѕурите“ во Софија, по што се пресели во карантин. Дефанзивецот на Јувентус има два негативни теста во изминатите неколку дена и ќе биде на услуга на главниот тренер Андреа Пирло за претстојните натпревари, објави клубот.
Јувентус во недела ќе гостува кај Аталанта, во еден од најважните натпревари во борбата за првите четири позиции. Во моментов единствениот играч на Торино кој е во карантин поради Ковид-19 е Федерико Бернардески, но се очекува и тој да биде во стројот за гостувањето во Бергамо.
Bonucci si è negativizzato dopo la positività in azzurro: ecco quando torna in gruppo https://t.co/Dg5tGjMTdr
— Corriere Quotidiano (@CorriereQ) April 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА