Уште една легенда го напушта Веспрем

Егзодусот на клучните ракометари од Веспрем продолжува со најавеното заминување на Андреас Нилсон. Шведскиот пивот веќе десет години ги брани боите на Веспрем, имаше договор со унгарскиот гигант до јуни 2025 година, но самиот побара да си замине од крајот на сезонава и да се врати во татковината.

Таму големиот борец ќе заигра за тимот на Онеред во Гетеборг, тим каде што би требало да ја заврши својата кариера. Нилсон дојде во Веспрем во 2014 од редовите на Хамбург и оттогаш настапи на 421 натпревар за унгарскиот тим, постигнувајќи 132 погодоци, со што се наоѓа на деветтото место на вечната листа на стрелци на Веспрем.

„Ова е многу тешка порака. Десет години настапувам за овој клуб, но поради семејни причини морам да се вратам во Шведска. Тешко е бидејќи овие десет години, ова беше мојот најубав период во кариерата, Веспрем беше мојот дом, градот каде моите деца се родија и пораснаа. Како што реков, поради семејни причини, дојде време да си одам дома. Само сакам да поздравам од фановите, да им порачам дека тие се најдобрите навивачи во светот“, порача Андреас Нилсон.

Се вчитува...