Уште една повреда во Ливерпул, Клоп во неволја?

По повредата на Роберт Фирмино, се повреди и Такуми Минамино. Тој го напушти таборот на јапонската репрезентација порано и ќе се врати во Ливерпул на дополнителни медицински тестови.

Наводно, повредата не е од посериозна природа, но потребни се дополнителни прегледи за да се утврди.

Ова ќе биде дополнителна главоболка за Клоп, бидејќи по паузата, Ливерпул има тежок распоред, седум натпревари за три недели во ритам среда-сабота, кога секој играч ќе биде важен и неопходен.

Сега е сигурно дека триото Салах, Мане, Жота ќе треба да врзе неколку натпревари по ред, единствена резерва што останува е Дивок Ориги, кој веќе долго време е во втор план. Многумина што го следат Ливерпул, вклучувајќи го и легендарниот Џејми Карагер, па токму ваквите аналитичари го критикуваа клубот дека не донел напаѓач, токму поради овие ситуации.

Се уште не е познато колку Фирмино и Минамино ќе треба да отсуствуваат, ќе се знае во наредните денови. По паузата Ливерпул гостува кај Лидс, па ги чека Милан и Кристал Палас, гостуваат по ред во Норич, Брентфорд и Порто, а пред паузата играат големо дерби со Манчестер Сити на „Енфилд“.

Се вчитува...